АКТИВНОСТИ






Реализација на проект за заштита на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) во Република Македонија

Во периодот од април 2012 година до октомври 2013 година ќе се спроведува проектот „Заштита на македонската автохтона популација на медоносни пчели (Apis mellifera macedonica) во Република Македонија. Проектот ќе го спроведува Пчеларското Здружение ЕКО ПЧЕЛА од Скопје со стручна поддршка од Факултетот за Земјоделски науки и храна (ФЗНХ) од Скопје. Вкупната сума на средства за реализација на проектот изнесува 50019 САД$ од кои 25484 САД$ се обезбедени од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а останатиот дел од средствата ги обезбедува Здружението.

Генерална цел на проектот е заштитата на постоечката популација на автохтоната македонска медоносна пчела преку формирање на одгледувачки центар и оплодна станица каде што ќе се одвива оплодувањето на младите матици. Проектот ќе се реализира на територијата на општините  Куманово-Свети Николе-Гевгелија. Имплементацијата на проектот битно ќе придонесе за остварување на националната стратегија за заштита на биолошката разновидност и ќе обезбеди дополнителен економски развој на руралната средина. Од генералната цел произлегуваат следните конкретни цели на проектот:

Конкретна цел 1: Формирање на основна популација на пчелни семејства-базен пчеларник со генетски материјал од A.m.macedonica во регионот на Свети Николе и негова регистрација како одгледувачки центар

Конкретна цел 2: Формирање оплодна станица со трутовски семејства од популацијата A.m.macedonica во регионот на Гевгелија

Конкретна цел 3: Одгледување и тестирање на пчелните семејства и производство на пчелни матици од од популацијата на A.m.macedonica 

Конкретна цел 4: Одржување на теоретско-практични обуки на одгледувачите на пчели во Македонија за имплементирање на принципите на Добра пчеларска практика при одгледување на пчелни семејства од популацијата на A.m.macedonica

Конкретна цел 5: Промоција и подигнување на стручната и јавната свест за заштитата на  на автохтоната македонска медоносна пчела

Дополнителни информации за проектот можат да се добијат кај координаторот на проектот Борче Павлов на тел.02/6139-435 или 070/388-212 или на е-маил: eko_pcela@yahoo.com 
Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат на www.gefsgpmacedonia.org.mk и на http://sgp.undp.org


No comments:

Post a Comment