Sunday, March 31, 2013

ПОЧЕТНА

Здружението на одгледувачи на пчели „ЕКО-ПЧЕЛА“ е невладина организација чија основна активност е насочена кон развој и унапредување на пчеларството како дејност во Р. Македонија. Последните години активностите се насочени особено кон воспоставување на економски одржливо одгледување на медоносни пчели и одгледување на автохтони подвидови на медоносни пчели на територијата на Р. Македонија.

Нашите пчеларници се лоцирани во чиста, незагадена средина во регионот на тромеѓето  Скопје-Куманово-Свети Николе, пчелите ги одгледуваме според принципите на Добрата пчеларска практика, па оттаму и пчелните производи кои ги добиваме од нашите кошници се одликуваат со врвен квалитет.

За одгледувачите на медоносни пчели произведуваме квалитетни матици и нуклеуси од автохтониот подвид на медоносни пчели (Apis mellifera macedonica). Производството на матиците се одвива според строго дефиниран протокол, во чија основа лежи одгледувачката програма изработена од страна на експерти од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје. Генетскиот материјал потекнува од одбрани и внимателно селектирани линии од подвидот A. m. macedonicaчии особини постојано се подобруваат преку континуиран процес на селекција под раководство на искусни и долгогодишни производители на пчелни матици.

Со12 пчелни семејства учествуваме во истражувањата и тестирањата кои според строго дефиниран протокол континуирано се одвиваат во рамките на MacBee (Македонско здружение за заштита на  македонската медоносна пчела).

Почнувајки од 1.04.2012 година реализираме проект за Заштита на македонската автохтона популација на медоносни пчели (Apis mellifera macedonica) во Република Македонија. За повеќе информации за проектот види во активности.
Во постапка сме за регистрација на одгледувалиште на пчелни матици кое ќе биде запишано во регистарот на одгледувалишта на пчелен генетски материјал што се води при МЗШВ, што значи дека матиците набавени од нашето одгледувалиште ќе бидат субвенционирани од страна на државата.

Располагаме со оплодна станица во реонот на с.Негорци со цел за контролирано оплодување на матиците со трутови кои потекнуваат од матици кои покажуваат најдобри перформанси низ процесот на селекцијата